(Фото) Пријателот на Артан Груби стана директор на ЦИА

t

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.

Инаку како што дознава Инфомакс, новиот директор на ЦИА, Ретклиф е близок и личен пријател на поранешниот прв вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.

За нивните средби и пријателство има голем број фотографии и соопштенија од нивни средби во главниот град на САД, Вашингтон. Инаку на социјалните медиуми веќе се појавија и фотографии од Ретклиф на кој што се гледа како го прави симболот на Голема Албанија, двоглавиот орел. Прашањето е како сега ќе се однесуваат сите апологети на власта кои јавно говореа дека победата на Трамп е најдоброто нешто што и се случило на Македонија на меѓународен план во изминатите 33 години независност.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе го назначи инвеститорот и донатор на кампањата Стив Виткоф за свој специјален пратеник за Блискиот Исток, а секретарот на Белата куќа од првиот претседателски мандат на Трамп, Џозеф Мекингли, ќе биде нов советник во Белата куќа.

Трамп претходно најави дека ќе го назначи сенаторот од Флорида Марко Рубио за нов државен секретар, а републиканскиот пратеник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал со пари од ЕУ: Во Грција…

Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за…

ВАШИНГТОН СО НОВИ ПАРИ ЗА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ…

Официјален Вашингтон додели 500 милиони долари за…

Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…

Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…

Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…

Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…

„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…