Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи неговото име сѐ почесто се споменува во јавноста, рече дека му е особено драго што граѓаните веруваат во него и дека работата е она што го исполнува.
– Чест ми е што моето име сѐ почесто се споменува во медиумите и кај народот како иден кандидат за градоначалник на градот Скопје. Тоа е убав и сериозен предизвик и со задоволство би го прифатил бидејќи јас не се плашам од работа туку напротив, ме исполнува. Секако, за тоа треба да одлучат и органите на партијата – Централен, Извршен комитет и секако претседателот на мојата матична партија Христијан Мицкоски. Би кажал само дека кој и да е, ќе биде значително подобар градоначалник од Данела Арсовска. Она на што јас сум фокусиран во овој момент е да ги дореализирам оние малку проекти од мојата ветена изборна програма кои се бројат на една рака, а брои реализација од 95% во целост што не се случило досега во историјата на нашата општина која е една од најстарите. Јас сум исклучително горд на тоа, бидејќи како што реков мене работата не ме изморува, туку ме исполнува и мотивира – рече Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…