Украина: Русите се преоблекоа во нашите униформи и тргнаа во напад
Главниот штаб на вооружените сили на Украина соопшти дека руски војници, од кои некои биле маскирани во украински воени униформи, извршиле напад во четири бранови, обидувајќи се да ги пробијат украинските одбранбени линии на бојното поле во Купјанск.
„Од 14 часот и 30 минути, руските окупатори се обидоа да ја пробијат нашата одбрана на бојното поле во Купјанск. Непријателските напаѓачки групи ги нападнаа позициите на украинските бранители во четири бранови, ангажирајќи околу 15 возила, вклучувајќи тенкови, оклопни борбени возила“, се вели во соопштението.
Се додава дека дел од инволвираните руски војници биле маскирани во украински униформи, што е воена тактика која ги крши правилата на војната и претставува воено злосторство. Украинците нагласуваат дека сепак го одбиле нападот, уништувајќи руски оклопни возила и нанесувајќи им значителни загуби на војниците.
Генералштабот ја истакна професионалноста и координацијата на пешадијата, тенковските екипи, артилериските единици и операторите со беспилотни летала вклучени во одбранбената операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет…
Претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод 11…
„Канал 12“: Пентагон наредил да се завршат…
Пентагон му наложил на американското Централно командување…
Итно соопштение до македонските државјани во Саудиска…
Апел за максимална будност, внимателност и следење…
Поменливо облачно со повремени локални врнежи од…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…
Крвав напад врз аеродромот во Ријад: 12…
Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 300…