Четири жртви во Урошевац се нападнати со нож оти биле од заедницата Роми, Ашкалии, Египќани

t

https://kossev.info/kosovo-online-najnovije-vesti-tuzilastvo-zatrazilo-pritvor-za-optuzenog-da-je-izbo-cetiri-osobe-u-urosevcu/Специјалното обвинителство на Косово побара едномесечен притвор за мажот кој се предаде во Урошевац поради напад со нож врз четири лица. Според нивните изјави, нападите наводно биле мотивирани од етничката припадност на жртвите, кои се од заедницата Роми, Ашкалии, Египќани (РАЕ) во Косово. . Во меѓувреме, Основниот суд во Урошевац на ова лице му одреди мерка притвор, објави косовскиот медиум Коссев.

Девојчињата, за кои медиумите јавија дека се на 10-годишна возраст, се движеле по улица, каде што напаѓачот им пришол одзади и ги ранил со нож од грб.

„Исто така, според Обвинителството, обвинетиот Ф.И. истиот ден околу 15.30 часот, намерно поради неговата етничка припадност, се обидел да му го одземе животот на повредениот Н.М., член на заедницата РАЕ, на тој начин што додека оштетениот влегувал во кафетерија, пријавениот го нападнал со истиот нож, удирајќи го во пределот на главата, грлото и десниот образ, при што му нанел тешки телесни повреди. Истиот ден околу 15 часот и 53 минути, намерно поради неговата етничка припадност се обидел да му го одземе животот на повредениот Е.А., припадник на заедницата РАЕ. Додека оштетениот се движел, пријавениот со истиот нож го нападнал удирајќи го одзади во пределот на плешката, при што му нанел тешки телесни повреди“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага против две лица за тешката сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…

Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…

Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…

Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…

Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…