Левица со амандман бара доизградба на колекторот на Охридското езеро и современ центар за отпад

t

Поради катастрофалната состојба во однос на заштитата на животната средина во која се наоѓа Македонија, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска поднесе амандмани кон владиниот предлог-буџет за 2025 година, кои се однесуваат на проекти кои со години се најавуваат, но ниту една влада не ги реализирала.

Дел од амандманите со кои Левица бара да се интервенира во Предлог-Буџетот се:

  • Доизградба и реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, со цел целосно затворање на колекторскиот систем;
  • Дислокација на дивата депонија Буково и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;
  • Дислокација на дивата депонија во Струга и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;
  • Отпочнување на изградба на современ центар за рециклирање отпад во Југозападниот плански регион, проект кој веќе 10 години е заглавен во бирократски процедури.

Сметаме дека со ваквите амандмани ќе се санираат најгорчливите проблеми на населението од овој регион, со оглед на опасноста на која се изложени поради честото ПАЛЕЊЕ на дивите депонии, во кои се складира неселектиран и опасен отпад! Овие диви депонии се еколошки катастрофи, додека незаинтересираноста на сите власти досега, дополнително го загрозува здравјето на обичните граѓани.

Дополнително, заштитата и грижата за Охриското езеро како најзначајно природно богатство во Македонија, мора да биде врвен ПРИОРИТЕТ на секоја власт. Проблемот со излевање на загадени материи во Охридското езеро директно го загрозува неговиот биодиверзитет, специфичност и природни карактеристики. Токму доизградбата на колекторскиот систем до 2025 година е дел од Планот за управување со Охридскиот регион.

Поради тоа, сметаме дека средства за доизградба на колекторскиот систем на Охридското езеро мора да се предвидени во Буџетот за 2025 година, поради опасноста и ризиците од пролонгирањето на овој проект. Бидејќи премиерот МИЦКОСКИ во предизборието најавуваше реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, очекуваме владејачката коалиција да ги прифати амандманите на Левица, со цел реализација на проектите кои беа ветувани токму од нив.

Левица со ваквите амандмани интервенира во решавањето на долгогодишни проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот на народот и основна заштита на животната средина и нашите природни богатства, се вели во соопштението на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…