Внукот на Александар Ѓорчески: Му позајмував пари, но секогаш инсистираше да ги врати – ние сме многу блиска фамилија
Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот ќе продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Пред малку пред судот сведочеше внук од сестра на Александар Ѓорчевски, Иво Нешковиќ
Иво Нешковиќ – внук од сестра на Александар Ѓорчевски
Обвинителство
О – Како комунициравте со Александар Ѓорчевски?
И – Вибер и Дискорд
О – кој ве извести Вас за настанот за Вања?
И – мајка ми, дали може да помогнам некако затоа што јас сум софтверски инженер и работам со телекомуникации
О – Што направивте вие?
И – Дента ме замолија ако можам да го пратам телефонот на Вања, локациски да се најде, кога ми се јави мајка ми не бев дома, кога стигнав ми требаа повеќе информации за да пристапам до телефонот на Вања, ѝ се јавив на Зорица, имаше полиција рече ќе се слушнеме покасно, не се слушнавме и знаев дека Вања има Ајфон, тие имаат многу големи безбедносни системи вградени во нив кои можат да ја дадат локацијата дури и телефонот да се изгаси. Тие информации ги дава амо Ејпл ама на државни органи, најдов формулари и реков мајка ми да ги даде на органите да испратат. Се понудив да ми дадат пристап до компјутерот на Вања, да побарам низ разговори што може да се случило. Седев цело време на интернет, ги следев сите објави, имаше многу грозни работи, јас реков ќе пробам да бидам филтер за тоа што пишуваат луѓето на објавата на Зорица. Имаше две кои личеа дека се сериозни, дека е видена кај Графика промет, стапив во контакт со човекот испадна дека е ништо, Сите работи ѝ ги кажав на мајка ми и зборував преку телефонот на мајка ми со инспекторка.
О – кога првпат се слушнавте со Александар?
И – четвртокот или петокот, мајка ми кажуваше дека цело време му ѕвонат телефони, дека нема потреба и јас да ѕвонам
О – каква помош побара Александар од Вас?
И – побара да му пишам на Илон Маск, тоа беше кога бевме сите избезумени, секако дека е тоа нешто нереално но јас му пишав на Твитер, за да го смирам вујко ми, знаев дека е апсурдно ама беше во агонија и да го смирам
О – беше ли испратена и слика од Вања на Илон Маск?
И – Вања беше љубител на вселенско истражување, имаше маичка со НАСА, имаше идеја да ја испратам таа слика, да ни помогне, не ја пратив таа слика
О – што ви рече Александар, гледа ли снимки, пораки?
И – со него директно за тоа не зборев, мајка ми ми кажуваше дека цела недела не јаде
О – работеше ли Александар Ѓорчевски?
И – тогаш напушти работа, не се сеќавам дали цела година не работеше, во тој период не работеше ама имаше работа што требаше да ја почне после нова година, на почеток на 2024 година
О – како се издржуваше во тој период кога не работеше?
И – сигурно заштедата што ја имал, платата на баба ми и ние сите помагавме, јас му префрлив 30.000 денари август или септември, рече ќе ни фалат со баба ти до прва плата и му пратив
О – кога претходно сте му позајмиле пари?
И – кога го опремуваше станот за да може да се издава, секогаш инсистираше да ми ги врати парите, многу блиска фамилија сме
О – што ви е познато за станот на Наум Наумовски Борче?
И – тој стан знам дека Зорица го препиша на вујко ми за да остане на една од ќерките, договорот беше кога ќе бидат полнолетни да добијат по еден стан
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…