Демонстрантите го презедоа парламентот во Абхазија
Опозициските демонстранти денеска го зазедоа парламентот на Абхазија, проруски сепаратистички регион во Грузија, поради насилните протести против неодамнешниот инвестициски договор со Москва, јави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на Ројтерс.
Органите на редот се обидоа да ја растераат толпата со димни гранати, но не успеаја и почнаа да ја напуштаат зградата на парламентот, соопшти ТАСС, цитирана од БТА.
Кабинетот на претседателот на Абхазија подготвува документ за повлекување од парламентот на нацрт-законот за ратификација на договорот со Русија, соопшти неговата прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите го презедоа парламентот во Абхазија
Опозициските демонстранти денеска го зазедоа парламентот на…
Претседателот на Абхазија ја поддржа одлуката на…
Абхазија ја поздравува и поддржува одлуката на…