Арсовска: Само Град Скопје реагира и санкционира за загадување, изречени казни врз 30 сторители

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави дека досега само Град Скопје реагира на оние кои го загадуваат воздухот и им изрекува санкции, додека другите 14 институции не постапуваат за да се намали загадувањето.

„На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 30 сторители.

Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциските служби на Град Скопје констатираа дека правното лице спротивно на правилата за управување со отпад, во горилник покрај струготини согорува пластичен и друг неоргански отпад, за што му се изречени две казнени мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…