Свети великомаченик Георгиј Ѓурѓиц
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби.
Уште еден празник на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби. Востановен е во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.
Празникот Св. Георгиј – Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј – Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот односно на 23 април според стариот календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе празници поврзани со домашни служби, има и два празници поврзани со името на Св. Георгиј, кога исто така се одржуваат домашни служби. Празникот што се празнува на 16 ноември според новиот односно на 3 ноември според стариот календар е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.
Пред крајот на својот живот, кога бил во затвор Св. Георгиј побарал да го посети неговиот слуга кого го замолил по смртта неговото тело да биде пренесено во Палестина, родното место на неговата мајка. Неговиот завет бил исполнет. Царот Константин кој многу го почитувал Св. Георгиј во Лида Палестинска изградил голем храм посветен на овој светител во кој било положено и неговото тело. Во чест на обновувањето и осветувањето на храмот „Св. Георгиј“ востановен е овој празник.
Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц
На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното…
Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…
Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…
Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава…
Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…
Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…
Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…
Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…