Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16:00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…