Блокада на булеварот Борис Трајковски од жителите на Кисела Вода

t

Жителите на улицата Народни Херои во скопската општина Кисела Вода излегоа на мирен протест, во сабота, 16 ноември 2024 година, во 12 часот, на крстосницата меѓу улиците Народни Херои и Борис Трајковски.

Причина за протестот, се нерешените инфраструктурни проблеми и законските прекршувања од страна на околните градилишта, кои, според
жителите, значително ја загрозуваат безбедноста на пешаците и гo отежнуваат пристапот до нивните домови.

„Се крши законот за безбедност во сообраќајот (член 26), при што камионите од блиското градилиште ја посипуваат улицата со земја и кал, создавајќи опасност за пешаците и возилата на единствената пристапна улица, која е без тротоар. Се крши и Законот за градење (член 83),
бидејќи околните градилишта остануваат незаградени, а тоа претставува дополнителна опасност за жителите и минувачите. Најавено ни е
блокирање на пристапот до нашите домови поради ископ на канал, па ние, станарите од зградата број 18, нема да можеме да пристапиме со возила до нашите домови, што е посебно загрижувачки за пристапот на возила на брза помош, противпожарни возила и јавна хигиена“, посочуваат граѓаните во најавата.

Градоначалникот и градежниот инспектор, додаваат тие, се запознаени со овие проблеми и постојните законски прекршувања, но преземените мерки и ветувањата за подобрување на безбедноста на улицата сѐ уште остануваат само на зборови.

Градилиштата и тешката градежна механизација која поминува на тесната сервисна уличка веќе предизвика неколку инциденти, меѓу кои и скинати
кабли од бандерите, срушен столб за улично осветлување и изгребани возила. „Не можеме да чекаме да настрада и човек, па дури потоа да
реагираме“ – велат станарите

Трпението на жителите е доведено до точка на вриење, по најавата дека пристапот до нивната зграда ќе биде блокиран за возила, што е неприфатливо и спротивно на законите и урбанистичките планови.

„Протестот е повик за решавање на горливите проблеми кои се провлекуваат веќе подолго време и за подобрување на условите за
безбедно живеење и пристап до нашите домови. Ако и овој наш крик не вроди со плод, најавуваме дека ќе го радикализираме протестот“, наведено е во најавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…