Комунална хигиена подигна 10 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини

t

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска во центарот на Скопје подигна и транспортираше десет кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини.

Воедно, екипите на претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на контејнерите и чистење на целокупната микролокација зад објектот на Телеком, на кејот „13 Ноември“, каде што во последниот период е забележана зачестена појава на диви депонии.

Во текот на денешниот ден се чистеа повеќе локации во строгиот центар на градот. Активностите се одвиваа во Паркот на жената-борец, каде што беше извршено рачно миење и метење на целокупниот простор, вклучително и големата фонтана во Паркот.

Отстранување на ситните отпадоци, рачно метење и миење е реализирано и на спомениците лоцирани на плоштадот Македонија, како и во реонот на Домот на АРМ и Спомен-куќата на мајка Тереза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…