Mицкоски патува кај Курти на меѓувладина средба
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно, од 11:20 часот, ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.
Како дел од активностите на седницата, се предвидени и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади, кои ќе разгледуваат можности за продлабочување на билатералната соработка во различни области.
По завршувањето на седницата, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка, кои ќе ги отворат патиштата за нови иницијативи и проекти меѓу двете земји.
„Со оваа седница ќе ја унапредиме нашата соработка со Косово и ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашите билатерални односи“, информираат од владината прес-служба.
За крај, во 13:45 часот, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти, на која ќе бидат соопштени резултатите од средбите и новите договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот…
На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот…
Иран тврди дека сè уште ја контролира…
Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…
Вучиќ: Очекувам средба со Лавров во Њујорк,…
Зборувајќи за денешната енергетска ситуација, српскиот претседател…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…