Самарас го исфрлија од партија
Поранешниот грчки премиер и министер за надворешни работи, Антонис Самарас, е исфрлен од владеачката Неа Демократија по неговото упорно несогласување со сите важни владини политики.
Партијата го изгуби трпението после последното интервју на Самарас за То Вима во кое побара оставка на шефот на грчката дипломатија заради начинот на кој ги води преговорите со Турција.
Не е првпат Самарас да се спука со некој Мицокатис. Првиот пат во 1992 година со премиерот Константин Мицотакис (татко на сегашниот премиер) со кој имаа несогласувања во врска со разликите околу името на Република Македонија, Следната, 1993 година, Самарас и неколкумина пратеници ја напуштија Неа Демократија што доведе до пад на владата на Мицотакис.
Иако над 140 земји во светот ја признаа Република Македонија како таква, Грција трпеливо го дочека доаѓањето на трговците Заев и Димитров кои проблемот со името „го решија“ така што ни го сменија името давајќи ѝ на Грција ексклузивно право на користење на името Македонија без додавки и спецификации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…