Објавено на:

Турција му забранила прелетување на авионот на израелскиот претседател

t

Причината за откажувањето на посетата на израелскиот претседател Исак Херцог на Азербејџан за учество на климатскиот самит на Обединетите нации КОП-29 во Баку била затворањето на турскиот воздушен простор за неговиот авион, пишува турскиот бесник Милиет, повикувајќи се на израелски и турски дипломатски извори.

зраел соопшти дека патувањето на претседателот Херцог во Азербејџан било откажано од „безбедносни причини“, но извори од министерството за надворешни работи кажале дека вистинската причина е одбивањето на Турција да дозволи прелетување на израелскиот претседателски авион низ својот воздушен простор.

Турција ги прекина сите односи со Израел и нема да преземе никакви чекори во иднина да ги развива, кажа претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој повика и да се засили дипломатскиот притисок врз Израел за таа земја „да се турне во ќош во сите области“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…