Британскиот премиер Стармер нема намера да разговара со Путин
– На канцеларот Шолц е да одлучи со кого ќе разговара. Јас немам намера да разговарам со Путин, рече Стармер во изјава за новинарите пред заминувањето за Бразил на самитот на Г-20.
Стармер, како што пренесуваат британските медиуми, се заложи за удвојување на напорите за зајакнување на поддршката за Украина.
Оваа тема ќе биде на дневен ред на Самитот на земјите од Г-20, на кој ќе присуствуваат многу светски лидери, но не и Путин.
Стармер посочи дека вторник се навршуваат 1.000 дена од војната во Украина.
– Тоа претставува 1.000 дена руска агресија, 1.000 дена жртвување за украинскиот народ, а неодамна видовме севернокорејски сили како работат со Русите, рече британскиот премиер.
Според него, ова го покажува очајот на Русија, но има и сериозни импликации за безбедноста на европскиот и индо – пацифичкиот регион.
– Треба да обезбедиме целосна поддршка (на Украина) онолку колку што е потребно, додаде Стармер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…
Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…