Се огласи и Зеленски за одлуките на сојузниците: Такви работи не се најавуваат
Украинскиот лидер рече дека планот за зајакнување на Украина е победнички план што им го претстави на партнерите и дека една од неговите „клучни точки“ е способноста да се гаѓа руска територија со оружје со долг дострел.
„Денес во медиумите многу се зборува за тоа дека добивме дозвола за соодветни дејствија. Но, ударите не се изведуваат со зборови. Такви работи не се најавуваат. Ракетите сами ќе зборуваат“, рече Зеленски, кој кажа дека денеска се случил еден од најсериозните руски напади, во кои загинаа седум лица, а енергетската инфраструктура е тешко оштетена.
„Ова е одговор на сите оние кои сакаа да постигнат нешто со Путин преку разговори, телефонски повици, прегратки. Денеска овој „гулаб на мирот“ ни испрати уште еден ракетен оган. Ова е негова дипломатија, неговиот јазик е предавство. Треба да се вложи време, не во разговори со Москва, туку навистина да се принуди Русија да стави крај на војната“, рече Зеленски.
Ројтерс објави дека три добро информирани извори рекле дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги укинала ограничувањата кои претходно ја спречувале Украина да користи американско оружје за да изврши напади длабоко на руска територија.
После одлуката на САД да дозволи Украина да може да ја нападне Русија со американски ракети, истата ја донесоа и Велика Британија и Франција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи и Зеленски за одлуките на…
Украинскиот лидер рече дека планот за зајакнување…
Бегал од полиција, па фрлил автоматска пушка…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…
Британскиот премиер Стармер нема намера да разговара…
- На канцеларот Шолц е да одлучи…
Трамп Џуниор по одлуката на Бајден: Воената…
Американскиот воено-индустриски комплекс се обидува да започне…
Возачот избегал: Мигранти од Ирак пронајдени во…
На 16.11.2024 во 19:30 часот на автопат…