Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија.
„Повторив дека Украина треба да биде во можност да го користи оружјето што и го дадовме, не само за да ги „запре стрелите“, туку и да ги погоди „стрелците“. Сè уште верувам дека тоа е она што треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите-членки ќе се договорат за тоа“, рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ…
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп…
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина…
Доколку СAД и дозволат на Украина да…
Воз излезе од шините меѓу Зелениково и…
Товарен воз вчера во 21:37 часот излезе…
Русите подготвуваат крвава одмазда после одлуката на…
Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи…
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на…
НАТО денеска ги осуди масовните руски напади…