Германија има огромен недостиг од возачи на камиони
Германските шпедитерски здруженија предупредија на можен недостаток во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони.
„Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL).
Енгелхард објасни дека сè повеќе Германци купуваат преку Интернет и дека во исто време трговците на мало нарачуваат повеќе стоки од вообичаено во декември, што може да доведе до доцнење на испораката. Во исто време, обемот на стоки во 2024 година е зголемен за 14 отсто во однос на минатата година.
Тој предупреди дека може да има недостиг во Германија слични на оние што ја погодија Велика Британија по Брегзит.
Енгелхард како главна причина го наведе драстичниот недостиг на возачи на камиони.
„Во моментов ни недостасуваат 100.000 возачи. Над 30.000 возачи се пензионираат секоја година, а помалку од половина од тој број влегуваат на пазарот на трудот“, рече Енгелхард.
Портпаролот на германските шпедитери изјави дека германските работодавци во меѓувреме прават се за да привлечат возачи.
„Во меѓувреме, многу возачи се во позиција да го изберат возилото, опремата на возилото, маршутите и клиентите. Работодавците прават се за да ги привлечат возачите“, вели Енгелхард.
Тој ги критикуваше и скапите возачки дозволи во Германија, кои со просечни 10.000 евра се многу поскапи отколку во остатокот од Европската унија, каде што слична дозвола чини околу 3.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија има огромен недостиг од возачи на…
Германските шпедитерски здруженија предупредија на можен недостаток…
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ…
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп…
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина…
Доколку СAД и дозволат на Украина да…
Воз излезе од шините меѓу Зелениково и…
Товарен воз вчера во 21:37 часот излезе…
Русите подготвуваат крвава одмазда после одлуката на…
Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи…