Левица: Владите на ДПМНЕ и СДС ги уништуваат Македонски пошти

t

Владите на ДПМНЕ и СДС, водени од лични и лукративни интереси, намерно раководат лошо со „Македонски пошти“ со цел пропаст на државната институција и нејзино приватизирање. За ваквите постапки мора да следат соодветни санкции, предвидени со закон, но и политичка одговорност, во спротивно нема да се превенираат намерните злоупотреби во иднина, што ќе доведе до тотален крах на институцијата, реагираат од Левица.

– Последната злоупотреба е со зголемување на платите на екс-директорката – Бујаре АБАЗИ и нејзиниот заменик додека вработените се борат со нередовни примања, несоодветни услови за работа, слаба поддршка и ресурси, што е противзаконски и морално неприфатливо.

Овој потег не само што е во спротивност на Законот за трговски друштва, туку е посебно скандалозен во време кога поштенскиот сервис се соочува со сериозни финансиски проблеми, недоволно модернизирани и неквалитетни услуги, прогресивно опаѓање на довербата кај корисниците, но и се јавува како еден од најлошите работодавачи во државава.

Особено загрижува фактот што актуелниот директор Орхан Куртиши, кадар на Алтернатива, гледа оправданост во зголемениот процент на платата на неговите претходници! Неговиот изговор е дека тие имале најниски плати споредено со директорите во другите институции. Ова оправдување на постапките на Абази од страна на Куртиши е јасен показател дека ни актуелниот менаџмент, како и до сега, не е загрижен за бездната во која е втурната „Пошта“.

Левица повикува на одговорност и ревизија на работењето на раководните лица не само во Македонски шуми туку во сите јавните сервиси. Потребна е поголема транспарентност, ефикасност и отчетност, со цел да се гарантира дека ресурсите се користат за интересот на граѓаните и општеството, а не за лични придобивки, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да…

СДС денес повторно се обиде да произведе…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…