Овие места во Скопје утре ќе бидат без вода или струја!
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по претходно известување од ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“, посочува дека утре поради планирани прекини на електричната енергија и поради зафати во водоводната мрежа, без струја и вода ќе останат делови во неколку скопски општини.
Поради планирани прекини, без струја ќе останат корисниците од следниве реони:
– Во период од 09:00 ч до 15:00ч дел од с. Сарај кај трговскиот центар во Сарај
– Од 12:00ч до 15:00ч дел од ул. Париска бр.5 и ул. Букурешка бр. 21,19,17 и 15 во Општина Карпош
Поради дефекти и планирани зафати, од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека без вода ќе останат корисниците од:
– Утре ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување (општина Сопиште).
– Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Гази Баба).
– Во текот на утрешниот ден поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица МаџирМаало бр.15 ( населба Маџир Маало – Центар ), прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул.Охридска ( потегот од ул.Петричка до ул.Ѓуро Ѓоновиќ ) до завршување со работните активности.( општина Центар).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…