Во четврток ќе славиме голем празник
Православните христијани на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.
Се слави наесен, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.
Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.
Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Прв меѓу ангелите, Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.
Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе, не е добро, а ако е кај главата, болниот ќе оздрави. Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.
Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.
На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.
Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во ноември. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во четврток ќе славиме голем празник
Православните христијани на 21 ноември го празнуваат…
Трајановски: Ќе асфалтираме и во зима
Работиме и во зимските месеци и автопатот…
(Видео) „На оваа треба да ѝ се…
Пејачката Ема Радујко не престанува да ја…
Стејт департмент: Политиката на САД во однос…
Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката…
Скопје се гуши: Утрово на осмото место…
Скопје утринава е на осмото место по…