СДСМ: Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници
Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите, велат од СДСМ.
– Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ. Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика, се вели во соопштението од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…
Фрлил ќеси полни со запалива течност: Маж…
Еден маж денес попладне се обиде да…