Трамп го предлага доктор Оз за висока функција во здравството
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го предложи д-р Мехмет Оз за администратор на здравствените системи финансирани од државата, „Медикер“ (Medicare) и „Медикејд“ (Medicaid).
„Го познавам д-р Оз многу години и уверен сум дека тој ќе се бори да обезбеди сите во Америка да ја добијат најдобрата можна здравствена заштита, за нашата земја повторно да биде одлична и здрава“, изјави Трамп денеска, според американските медиуми.
Американецот со турско потекло, чие вистинско име е Мехмет Џенгиз Оз, е кардиоторакален хирург и позната телевизиска личност. Тој имаше една неуспешна епизода во политиката во 2022 година, кога загуби на изборите за Сенатот во Пенсилванија, иако ја имаше поддршката на Трамп.
Пред да се кандидира за Сенатот, Оз беше водител на истоимената емисија „Д-р Оз“ и чест гостин на „Шоуто на Опра Винфри“, каде даваше медицински совети. Оз е контроверзна личност во светот на медицината, критикуван поради постојаното промовирање на „алтернативна“ и „комплементарна“ медицина за чиишто терапевтски придобивки науката нема докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…