Макрон го покани Путин да учествува во колективната деескалација на ситуацијата во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон, во светло на најавата дека САД му дозволиле на Киев да изврши напади длабоко на руска територија, како и по ажурираната нуклеарна доктрина на Русија, ја повика Москва да учествува во „колективна деескалација“ на ситуацијата во Украина.
„Апелирам до претседателот на Русија, Владимир Путин, да биде разумен и да ги има на ум своите обврски поврзани со почитувањето на Повелбата на Обединетите нации и да учествува во колективната деескалација“, рече тој на маргините на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, како што информира Елисејската палата.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер претходно изјави дека ниту САД ниту НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, коментирајќи ги промените во нејзината нуклеарна доктрина. Во исто време, портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на прашањето за промените во политиката на Москва за нуклеарното оружје, истакна дека САД не се во војна со Русија.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина – Основи на геополитиката во областа на нуклеарното ограничување.
Потпишувањето на декретот уследи два дена откако бројни медиуми објавија дека Соединетите Американски Држави му дозволиле на Киев да изврши напади длабоко на руска територија со западно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…