(Видео) Русија почна масовно производство на модуларни нуклеарни засолништа
За прв пат Русија започна масовно производство на мобилни засолништа од модуларен тип „КУБ-М“, кои можат да се користат за заштита на луѓето од различни закани, вклучително и светлосно зрачење од нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација на областа. Производството на иновативни засолништа започна во Нижни Новгород.
„Во Руската Федерација започна сериско производство на иновативна модуларна заштитна конструкција „Куб-М“. Производствениот процес е во градот Џержинск кој се наоѓа во областа Нижни Новгород“, јавува РИА Новости.
Рускиот истражувачки институт за цивилна одбрана и вонредни ситуации посочува дека овој проект е резултат на долгогодишно истражување и напори на научници и експерти во областа на заштитата на населението и териториите од вонредни ситуации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…