Лога: Пред десет години, никој не можеше да поверува дека Македонија ќе биде членка на НАТО, а уште помалку дека наша сограѓанка ќе биде на чело на истата
Потпретседателот на АА (крило на Зијадин Села), Кренар Лога денеска преку соопштение и упати честитка на новата заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
„Пред десет години, никој не можеше да замисли или да поверува дека Македонија ќе биде членка на една од најголемите воени организации во светот, како НАТО, а уште помалку дека една наша сограѓанка ќе биде на чело на истата. Овој избор покажува дека правилните и стратешки одлуки, без разлика колку се тешки за една држава или народи, носат конкретни придобивки и резултати.
Затоа, и последниот чекор што ѝ преостанува на Северна Македонија во врска со уставните измени претставува завршен километарски камен за да станеме членка на Европската Унија.
Честитки и многу успех на нашата сограѓанка, г-ѓа Радмила Шекеринска, во нејзината нова задача во НАТО“, вели Лога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД со глобално предупредување до своите граѓани:…
Американскиот Стејт департмент издаде Worldwide Caution –…
САД со серија безбедносни предупредувања низ Блискиот…
Во период од само неколку часа, американските…
Ле Пен и Бардела со драматична промена…
Француската десница испрати едно од своите најостри…
(Видео) Додека Европа се подготвува за војна…
Во момент кога Европа е во состојба…
Унгарија ќе им исплаќа пари за гориво…
Унгарија ќе им исплаќа по 5.000 форинти,…