Силјановска, Мицкоски, Гаши, владата, одбраната без честитки за македонскиот успех со избор на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

t

Иако бугарската екс-министерка Марија Габриел многумина ја сметаа за фаворит за да биде назначена за нов заменик генерален секретар на НАТО, првиот човек на Алијансата Марк Руте одлучи на таа позиција да ја назначи Радмила Шекеринска, македонска министерка за одбрана во чиј мандат државата стана членка на НАТО.

Државниот врв го „преспа“ овој државен успех бидејќи сега Македонија има втор човек во Алијансата, само 4 и пол години по добивањето на членство во НАТО.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова досега не честиташе на својата колешка од политичката сцена. Иако во инаугуративниот говор во мај, говореше дека ќе се залага за повеќе жени во политиката и на функции, назначувањето на Шекеринска во НАТО не го спомнува веќе втор ден. Безбедноста и надворешните односи се едни од главните обврски на претседателот на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски, на 26-ти јуни оваа година, само неколку часа по изборот на Марк Руте за генерален секретар на НАТО, упати честитка до холандскиот политичар. Веста за назначувањето на Шекеринска е од вчера и се уште е главна вест на веб сајтот на НАТО, но честитки или нотификација за успехот на државата, од Илинденска и од Министерството за одбрана, досега не стигнаа.

И собранискиот претседател Африм Гаши, иако е во посета на НАТО, не објави ништо на службениот ФБ профил. Гаши заедно со собраниска повеќепартиска делегација е во посета на Алијансата, меѓу другото, остварил средба со актуелниот заменик генерален секретар на НАТО Борис Руге ( на чие место наскоро ќе седне Шекеринска). Гаши ја почнал посетата со прием кај амбасадорот Дане Талески кому мандатот му истекува во јануари, а Силјановска минатата недела му потпиша указ за отповикување. Гаши беше во седиштето на НАТО, но не нотифицираше дека негова колешка од државата е избрана на втората позиција во Северно атлантската алијанса.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска, Мицкоски, Гаши, владата, одбраната без честитки…

Иако бугарската екс-министерка Марија Габриел многумина ја…

Лога: Пред десет години, никој не можеше…

Потпретседателот на АА (крило на Зијадин Села),…

Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е…

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е…

Поранешен полициски службеник и пријател на Палчо:…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во…