Мицкоски и се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата
Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк, соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО.
„Не е тајна дека во Македонија сме имале многу концептуални разлики и тоа не треба да го криеме. Но, како влада имавме предизвик околу одлуката кого и како да поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО. Ние немавме никаква дилема околу одлуката, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, а ако тоа не го правиме, тогаш тоа е лицемерие. За нас единството и интересите на земјата се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната алијанса е навистина чест“, рече Мицкоски.
Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон и најавил соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски и се јавил на Шекеринска, најави…
Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк,…
Мицкоски за војната во Украина: Очекуваме час…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на…
По САД, и Шпанија ја затвори амбасадата…
Шпанската амбасада во Киев објави дека „нема…
(Видео) ОПОЗИЦИЈАТА НАСИЛНО ВЛЕЗЕ ВО СУДОТ ВО…
Републичките и покраинските пратеници и советниците на…
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…