Палчо планирал во Турција да седи три месеци, изнајмил и куќа
На вчерашното рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се случија неколку значајни моменти. Првото е сведочењето на Стефан Димковски, пријателот на Палевски кој рече дека немал впечаток дека тој бега. Сепак му било чудно што тој е блед како крпа кога веќе се расчуло за грабнувањето на девојчето.
Ако мене некој ми лепи ваква работа и јас би бил блед како крпа, рече сведокот на прашање на обвинителството.
Стефан го однесол Палчо до градот Баликесир.Таму ги чекал извесен Усеин кој зборувал македонски јазик и кој требало да го носи Палевски по доктори. Палчо изнајмил куќа за 150 долари а како што му рекол планира да остане три месеци. Со себе имал три торби а како што му рекол на пријателот во едната имал и опрема бидејќи сакал оттаму да прави поткасти.
Куќата беше изнајмена на три месеци.Ми рече дека така е поефтино отколку да оди во хотел а тука е и Хусеин кој ќе му се најде-објасни Димковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…