Сиљановска Давкова го честита 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука: Историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.

„22 ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес.

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување.

Јазикот создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.

Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество.

Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност.

Честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука!“, вели Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Бугарите кренаа паника за македонското потекло на…

По бурните реакции во бугарското општество за…