Петровска: Јавноста не треба да го заборави лажниот сертификат за англиски на Христовски

t

„Темата за Бојан Христовски не е заборавена и јавноста не треба да ја заборави, бидејќи интегритетот на првиот човек на која било од разузнавачките служби – Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, па дури и Военото разознавање, е многу важен. Ако тие имаат скриена позадина, може да станат лесен таргет на разузнавачки служби кои не се пријателски на оваа држава“,рече Петровска во гостување во емисијата Вин-Вин на Телма.

Според Петровска, проблематична е и тајноста во која се подготвуваат реформите во безбедносниот систем со кои треба да се спојат АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Како што вели, скандалозна е изјавата од Владата дека не може да го дадат предлог-законот на увид, зашто бил државна тајна.

Петровска смета дека може да се класифицираат подзаконските акти што би произлегле од тој закон, но не и самиот предлог-закон.

Таа побара да се објави и која работна група ги подготвува промените, бидејќи, како што рече, има информации дека таму има луѓе што во минатото биле дел од безбедносните институции во време кога се вршеле злоупотреби со нив.

Беше споменато името на Гордана Јанкулоска, министерката за внатрешни работи во поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но Петровска рече дека не била само таа, туку повеќе луѓе биле во прашање, па, за да се расчистат шпекулациите, треба да се објават членовите.

„Неискрениот пристап кон јавноста ни дава за право да веруваме дека ова спојување што сакаат да го направат не се прави од никакви прагматични причини, туку едноставно за полесна контрола на двете служби. Јас мислам дека тоа може да донесе штета“,рече Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…