Пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја главна точка на средбата на Мицкоски со Вучиќ во Белград

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.
Тој посочува дека се согласиле оти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

Особено сум благодарен за фактот што Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, наведува Вучиќ.
Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а ќе има средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…