Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“
По долго боледување, вчера на 22 ноември во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“.
Си замина нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот ВЕЧЕР, во кој го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас, велат во последниот поздрав колегите од редакцијата на „Вечер“.
Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.
Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца, велат нејзините колеги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…