Лавров: Зеленски се исплаши

t

Шефот на руската дипломатиоја Сергеј Лавров денеска изјави оти претседателот на Украина, Володимир Зеленски е исплашен од одговорот на Москва и ги обвинува своите покровители.

Што се однесува до нашиот одговор (употребата на хиперсонична ракета), колку што разбрав, Зеленски се исплаши и директно почна да ги обвинува своите патрони што го оставиле невооружен пред таквиот потег на Руската Федерација. Ова е веројатно корисен резултат. Бидејќи да се биде поблиску до реалноста, да се почувствува на своја кожа, веќе е нешто корисно, посочи Лавров на прес-конференција по заедничката средба на претставници на министерствата за надворешни работи на Русија и Белорусија.

Тој наведе дека Западот и одобри на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија.

Рускиот претседател ова го спомна повеќе пати. Без нивното директно учество (на Западот), немаше да полета ниту една ракета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…

Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…

Киев може да се соочи со „вистински…

Страв од руски удари врз струјата, водата…

Удар за Европа: Арамко стопира дел од…

Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…

„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…

Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…

Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…