Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон Шенген зоната

t

Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон безграничниот простор Шенген, кон кој овие две земји со години се обидуваат да влезат. Овој пробив беше соопштен попладнево на состанокот во Будимпешта во организација на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на кој учествуваа министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија и Австрија.

Тројцата министри потпишаа заеднички договор кој ќе го отвори патот за полноправно членство во Шенген, изјави унгарскиот портпарол. Во пракса тоа значи укинување на контролите на копнените граници, што е последната пречка која преостана. На почетокот на оваа година беа укинати контролите на морските и воздушните граници како прва отстапка на Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Eкстремната десница победува во Шпанија

Шпанија се движи кон промена на власта,…

(Видео) Ѓорѓиевски видео од Скопје: Нема поголема…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави…

Агресивно се однесувал кон членовите на неговото…

На 28.11.2026 во гевгелиско село, полициски службеници…

Во Кочани засадени лалиња во чест на…

Во симболична акција денеска во Алејата на…

Мајка добила закани од сопствениот син

На 28.11.2026 во 22:30 часот во Велес,…