Запалено возилото на претседателот на СДСМ – Кривогаштани
СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски и бара Министерството за внатрешни работи и сите останати надлежни институции веднаш да постапат и да ги пронајдат сторителите.
Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци. Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запалено возилото на претседателот на СДСМ –…
СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото…
Преку мобилна апликација се заканувал и сакал…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишниот…
73-годишен татко му се заканил на својот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот…
Викенд хороскоп: 22-24 ноември
Што ни носи викендот? Овен Не бидете…
Променливо облачно и ветровито време
Претпладне променливо облачно, во западните делови со…