Објавено на:

Франција: Нема црвени линии кога е во прашање поддршката за Украина

t

Нема „црвени линии“ кога е во прашање поддршката за Украина, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

Тој за Би-би-си изјави дека Украина може да истрела француски ракети со долг дострел кон Русија „во рамките на логиката на самоодбрана“, но не потврди дали веќе е употребено француско оружје.

„Принципот е поставен… нашите пораки до украинскиотд претседател Володимир Зеленски беа добро примени“, рече тој во интервју за Би-би-си, кое ќе се емитува утре.

Баро, кој вчера во Лондон разговараше со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, рече дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања кога станува збор за поддршката на Украина против Русија и „да не поставуваат и изразуваат црвени линии“.

Запрашан дали тоа може да значи и присуство на француски војници во борбите, тој рече дека Франција не отфрла ниту една опција.

„Ќе ја поддржуваме Украина интензивно и колку што е потребно. Зошто? Бидејќи нашата безбедност е загрозена. Секој пат кога руската армија напредува за еден квадратен километар, заканата се приближува до Европа за еден квадратен километар“, рече тој.

Баро посочи дека ја повикува Украина да влезе во НАТО, како што побара украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Отворени сме за упатување на поканата и затоа во нашите разговори со пријателите и сојузниците, како и со пријателите и сојузниците на Украина, работиме да ги приближиме до нашите ставови“, рече Баро.

Тој посочи дека западните земји ќе мора да ја зголемат сумата што ја трошат за одбрана, пренесува Танјуг.

„Секако дека ќе треба да потрошиме повеќе ако сакаме да направиме повеќе и мислам дека треба да се соочиме со овие нови предизвици“, истакна Баро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција: Нема црвени линии кога е во…

Нема „црвени линии“ кога е во прашање…

(Видео) Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“…

Во нападот на украинскиот град Днипро, Русија…

Шефот на НАТО разговарал со Трамп за…

Новиот мандат на Доналд Трамп може да…

Ново пукање во Арачиново – вмешан Шенки…

Попладнево се случила престрелка во скопско Арачиново…

Блумберг: Европа се соочува со нова енергетска…

Европа се соочува со потенцијално нова енергетска…