Руската инвазија врз Украина повеќе не е регионална војна: Германија мора да го зголеми воениот капацитет, Европа е под долгорочна закана
Европа се соочува со долгорочна закана, бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесува ДПА.
„Рускиот претседател Владимир Путин одамна целосно се префрли на воена економија и земјата моментално за три месеци произведува оружје и муниција колку што прави целата Европска Унија за една година“, додаде Писториус.
Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој рускиот лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.
„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет“, предупреди Писториус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската инвазија врз Украина повеќе не е…
Европа се соочува со долгорочна закана, бидејќи…
Го слушнал повикот на Мицкоски: Турски државјанин…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Германија на одбиените азиланти им дава пари…
До крајот на октомври, 8.263 лица кои…
Медведев: Војната во Украина може да заврши…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Франција: Нема црвени линии кога е во…
Нема „црвени линии“ кога е во прашање…