Филипче: ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешниот говор на Конгресот зборуваше и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени. Да не заборавиме дека истите овие луѓе, кога беа во опозиција, направија сѐ за да ги блокираат договорите со Грција и Бугарија, договори што отворија врата за НАТО и ЕУ. Тие блокади ја чинеа Македонија години изгубен развој, а сега повторно го гледаме истиот деструктивен модел“ порача тој.
Филипче додаде дека ВМРО-ДПМНЕ постојано бега од преземање одговорност
„Тие се истите лицемери кои се себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немаат храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Секогаш бегаат од одговорност и се кријат во своите комфорни зони. Биле и ќе останат политички кукавици.Но, граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“ рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…