Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

t

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија. Ова е пораката што новата заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, го истакна на вчерашниот 30. Конгрес на СДСМ.

„Длабоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста, страста, посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас, од моја страна, ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики на СДСМ, кои ве уверувам ќе бидат политики за промени“, додаде Каранфилова-Пановска.

Таа вели дека со себе ги носи принципите, ставовите и наративот кои му прилегаат на прогресивното граѓанско општество, и за кои вели дека во својата срж ја имаат потребата и борбата за слобода, демократија, човекови права, социјална правда, правичност, различност, рамноправност и интегритет. Тоа, рече Каранфилова-Пановска, се вредности „за кои не сум правела и никогаш нема да направам компромис“.

Таа рече дека функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.

„Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек“, рече Каранфилова-Пановска.

Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓаните.

„Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција“, рече Каранфилова-Пановска.

Според неа, дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.

„СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата. Со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија“, рече Каранфилова-Пановска.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на вчерашниот конгрес рече дека имало одлична сила, енергија и ентузијазам видлив кај сите присутни.

За Каранфилова-Пановска рече дека е човек со кој се познава многу долго време и оти ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности.

Тој информира дека се избрани и нови членови на централниот и надзорниот одбор, а нивната селекција се одвивала во изминатите пет месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…