Објавено на:

(Видео) Падот на авионот во Вилнус чин на тероризам? – Полицијата: Тоа е верзија која треба да се истражи

t

Литванската полиција не ја исклучува верзијата за терористички чин како причина за падот со товарниот авион на DHL во близина на аеродромот во Вилнус. Авионот е од типот Боинг 737-400.

„Ова е една од верзиите кои треба да се истражи. Но, ни претстои многу работа“, рече Арунас Паулаускас, шеф на литванската полиција.

Тој предупреди дека собирањето на докази може да потрае и до една недела.

Шефот на литванската спасувачка служба, Ренатас Позела, изјави дека авионто се спуштил неколку километри од аеродромот, а потоа слетал на земјата пред да удри во станбен објект. Во зградата имало четири стана, и живееле три семејства. Сите 12 жители од куќата биле извадени од објектот, и не се повредени.

Пожарот предизвикан од падот е ставен под контрола. Авионот е целосно уништен.

Литванија веднаш нареди создавање на кризен штаб, кој ќе ја испитува причината за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…