Војниците обвинија дека Министерството за труд е корумпирана институција и бараат од Мицкоски да го повика Лимани на одговорност

t

Независниот синдикат на професионални војници тврди дека Министерството за труд и социјална политика е корумпирана институција, обвинувајќи дека работат против законите во државата. Синдикалниот претседател Александар Насковски истакна дека ова е поради направениот „четврти фалсификат во период од една година врз Синдикатот од страна на криминална група која направи хаос во ова Министерство и Министерството за одбрана“.

Тој порача дека повторно е сменето овластеното лице на Синдикатот.

-Од страна на министерот за труд и социјална политика е потпишан четврти фалсификат, втор во рок од три месеци. Овие незаконски дела, криминалната група ги најавува на социјалните мрежи, ги реализира преку оваа институција и потоа се фалат што направиле. Оваа група има намера да го избрише четвртиот Синдикат во Армијата од регистарот и да го спои со третиот Синдикат. Јас лично нема да потклекнам на нивните закани кон мене и најавите за петти и шести фалсификат кои ги планираат, рече Насковски во изјава за медиумите.

Војниците бараат од премиерот Христијан Мицкоски да го повика министерот Фатмир Лимани на одговорност. Од друга страна информираа дека министерот за одбрана, Владо Мисајловски ветил дека ќе разговара за нивните барања.

На почетокот на месец ноември, Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик. Оттаму го повикаа Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници.

Како што информираше тогаш Насковски, Петровска во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзнала членството и со сето тоа, како што нагласи, го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Ако јас излезам на улица, нема враќање…

Според лидерот на ДУИ, ќе протестираат за…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…