СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ

t

Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ, велат од СДСМ во соопштение.

„СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на партијата.
Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности.

Новиот Централен одбор на СДСМ го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.

Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала.

Партијата со белиот дворец не може да го смисли прогресивното граѓанско општество, затоа и невладините организации и неистимислениците отсекогаш биле таргет на ДПМНЕ.

Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…