Објавено на:

Си-Ен-Ен: Нетанјаху го прифати примирјето со Хезболах

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху начелно го прифатил прекинот на огнот со Хезболах, јавува Си-Ен-Ен.

Израел останува цврсто затворен за некои одредби од договорот, кои се очекува да им бидат доставени на либанските власти подоцна во текот на денот,јавува Си-Ен-Ен.

Тие и некои други детали се уште се преговараат и бројни извори наведуваат дека договорот нема да биде конечен додека не се решат сите прашања.
Договорот за прекин на огнот мора да биде потврден и од израелската влада.

Спортед истите извори, постои напредок на преговорите и разговорите се движат во вистинска насока кон постигнување договор, иако Израел и Хезболах продолжуваат да разменуваат оган, што може да ги забави преговорите.

Американскиот претставник Амос Хохштајн минатата недела изјави дека договорот за прекин на огнот е „на дофат“, но дека конечната одлука е на двете завојувани страни.

Тој разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати и со претседателот на парламентот Набих Бери, делувајќи како посредник на Хезболах во разговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…

Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…

Трамп без јасен став за анексијата на…

Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…

Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…

Пред претстојниот состанок на Советот за национална…

Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc

Израелскиот премиер го запре секој обид за…