Арсовска: Не размислувам за повторна кандидатура бидејќи политичките елити во државата работат само за лични интереси
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изјави дека не размислува за повторна кандидатура за градоначалник, по прашањето на новинарите за нејзините планови по промоцијата на донацијата од Европската унија на шест нови еколошки автобуси за Град Скопје, како дел од проектот за чист воздух.
Таа истакна дека атмосферата во која се наоѓа Македонија и Скопје е крајно поларизирана, со политички елити кои, според неа, не заслужуваат да се работи со луѓе кои се обидуваат да придонесат за подобрување на состојбите. Арсовска објасни дека нејзиното искуство во градската администрација ја довело до сознание дека, во моменталната политичка клима, многу од политичките лидери не покажуваат способност да реализираат она што го ветуваат.
„Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат пред граѓаните дека можат да ги реализираат своите ветувања, така што на следните избори ќе имаат поддршка. Но, од она што досега сме го виделе, не верувам дека некој ќе помисли дека тоа е можно,“ изјави Арсовска.
Таа нагласи дека кога се кандидирала за градоначалник, ја имала поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, но посочи дека за жал, оваа партија не успеала да се надмине во своето раководство и дека „суетите се преголеми“ за да се дозволи некому да работи самостојно, без да биде под постојан притисок.
„Благодарам, но јас со такви луѓе што знаат само да саботираат, не би сакала никогаш повеќе да работам,“ заклучи Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…