Заедничка операција на полициите на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска: Уапсен генералот Шагољ

t

Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) денеска спроведоа операција за пресекување на мрежата за шверц на наркотици, а меѓу уапсените е и поранешен офицер на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), објавија локалните медиуми. Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека по наредба на Обвинителството на БиХ е спроведена полициска акција против шверцери на дрога во поширока област на земјата. Станува збор за координирана полициска акција под кодното име „Генерал“, спроведена под надзор на ЕВРОПОЛ и со соработка на министерствата за внатрешни работи на Хрватска и Србија.

Од СИПА соопштија дека се планира апсење на поголем број лица обвинети дека формирале организирана група за меѓународна трговија со наркотични дроги. Тие организирале испорака на кокаин со бродови од Јужна Америка, а потоа дрогата ја препродавале на европскиот црн пазар. Откриени се откако полициските агенции успеале да ги дешифрираат комуникациите преку заштитената мобилна апликација „Скај“.

Повикувајќи се на неофицијални полициски извори, сараевскиот портал Кликс претходно објави дека во оваа акција во Босна и Херцеговина е уапсен Здравко Шагољ наречен Писке, поранешен член на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО). Шагољ и претходно имал проблеми со законот, а полицијата последен пат го уапсила во април годинава, во акција која била насочена и против трговија со дрога на територијата на Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Карпош и…

Дел од корисниците во скопските општини Карпош…

Михајлова никогаш не се извинила на семејството…

Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и…

Тенеси може повторно да се обиде да…

Само една недела откако Криста Пајк преживеа…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…