Израел се приближува до примирје со Хезболах
Израел се приближува до примирје во својата војна со либанската група Хезболах, но сè уште има отворени прашања, се наведува во соопштението на владата.
„Се движиме кон договор, но има уште неколку прашања кои треба да се решат“, изјави портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер, без да наведе повеќе детали.
Амбасадорот на Израел во САД, Мајкл Херцог, за израелското радио Џи Ел Зи изјави дека постигнувањето на договорот е близу и „може да се случи за неколку дена“.
„Треба само да ги финализираме последните детали“, рече амбасадорот.
Крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, продолжува да притиска за војна до „апсолутна победа“. Во обраќањето до премиерот Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Х, тој напиша дека „се уште не е доцна да се запре овој договор“.
Конфликтот меѓу Израел и Хезболах ескалира во целосна војна во септември, кога израелската војска тргна во офанзива, изведувајќи воздушни напади над големи области на Либан и испраќајќи војници на југот на земјата.
Во воздушните напади против Хезболах беше убиен водачот на групата, Хасан Насрала, како и други високи команданти на движењето и предизвикаа широко распространето уништување на многу места во Либан за кои се верува дека се под контрола на групата, вклучително и во јужните предградија на Бејрут.
Минатата недела, водачот на групата, Наим Касем, рече дека движењето го разгледало и одговорило на предлогот на САД за примирје и дека сега е во „израелски раце“.
Израел рече дека воената акција била со цел да се обезбеди враќање на десетици илјади луѓе евакуирани од северот на земјата поради ракетните напади од страна на движењето Хезболах, кое ги започна нападите во знак на поддршка за Хамас во војната што започна во октомври 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…