Ова е веќе безобразно: Ништо од зголемување на минималецот, ама платите во АЕК ќе се зголемат за 20%
Агенцијата за електронски комуникации го објави предлог финансискиот план за 2025 година заедно со Годишната програма за работа и од документите може да се забележи дека расходите за бруто плати на вработените ќе бидат зголемени за 20 проценти.
За плати за вработените во Агенцијата за електронски комуникации кои и досега земаа натпросечни плати за јавниот сектор, ќе се издвојат 242 милиони денари или 3,9 милиони евра.
За 2024 година планот велеше дека за бруто плати ќе се издвојат 202 милиони денари или околу 3,3 милиони евра.
За петте членови на Комисијата на ова регулаторно тело за телекомуникацискиот пазар ќе се издвојат 11 милиони денари.
Вкупно планираните расходи на АЕК се 572 милиони денари или 9,3 милиони евра.
Ова тело, кое најголемите приходи ги добива од телекомуникации, во 2025 година планира да оствари приходи од 9,3 милиони евра што е намалување за 31 % во однос на планираните приходи за 2024 година.
За нови членови на Комисијата преку Собранието со 61 глас беа се избрани бизнисменката Анкица Трпковска, сопственичката на „Анго“, фирмата која требаше да ја изгради спорната катна гаража до Собранието. Таа нема да биде вработена туку ќе учествува на седниците на Комсијата и за ангажманот ќе прима месечен надоместок од 2.700 евра.
Трпковска сè уште се води како сопственичка на „Анго“, компанијата што го купи државното земјиште зад Собранието за 330.000 евра уште во 2013 година, меѓутоа фирмата не го изгради паркиралиштето во рокот од десет години којшто истече во септември годинава.
Опозицијата за неа тврдеше дека е во о семејна релација со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во Комисијата на АЕК се и претседателката на унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анѓелка Диневска, поранешниот министер за информатичко општество од Алтернатива, Адмирим Алити и потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов, исто така член на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.
Инаку, просечната плата во АЕК веќе надминува 1000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова е веќе безобразно: Ништо од зголемување…
Агенцијата за електронски комуникации го објави предлог…
(Видео) Кузеска: Власта ја партизира АЕК, во…
Уште еден скандал на власта на Мицкоски…
Пекол за хрватските навивачи во грчкиот затвор:…
Навивачите на Динамо, кои беа уапсени за…
Гол во 90. минута: АЕК го победи…
Динамо загуби со 2:1 од АЕК на…
АЕК билa хакерски нападнатa, но не го…
За една година имало 155 пријави за…