Франција нема да го почитува налогот на МКС за Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е имун на гонење пред Меѓународниот кривичен суд, соопшти француското Министерство за надворешни работи, наведувајќи дека нема да ги почитува налозите за апсење издадени од Хаг против Израелците.
Во соопштението, Министерството ја потврдува својата посветеност на меѓународната правда, но исто така вели дека израелскиот лидер е опфатен со правилата за имунитет што важат за државите кои не се странки на МКС. Израел не е член на МКС.
„Таквите имунитети важат за премиерот Нетанјаху и другите релевантни министри и ќе треба да се земат предвид доколку МКС побара нивно апсење и предавање“, велат од Министерството.
Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант се барани од МКС поради обвиненија за воени злосторства. И Израел и САД го отфрлија случајот како лажен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…